Отписот на каматите кој ќе опфати најмалку 180 илјади граѓани ќе биде најголемата финансиска помош во најавениот пети пакет мерки на Владата а финансиска поддршка за плати ќе има но дали ќе биде како досега или пак ќе се премине на бескаматни кредити останува да се договори со коморите.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, најави дека петиот пакет на економски мерки ќе биде донесен наредната недела и додотгаш ќе завршат сите консултации. Како директна помош за граѓаните ќе биде отпишувањето на каматите од долговите кон јавните претпријатија поради кои 180 илјади граѓани имаат блокирани сметки. Според Битиќи во некои случаи тие неколкукратно ја надминуваат висината на основниот долг и затоа мора да се реагира. Исто така се предвидуваат и ваучери за граѓаните но дополнително ќе се потврди дали ќе бидат за туризам или за некоја друга намена.
Повеќе https://telma.com.mk/2021/02/06/деблокирање-на-сметките-на-180-000-граѓани-п/







