Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер Карлсон оцени дека евентуален воен судир со Иран би можел да доведе до колапс на американското глобално влијание и до фактички крај на претседателскиот мандат на Доналд Трамп.
„Навистина се плашам дека мојата земја ќе биде дополнително ослабена. Мислам дека ќе сведочиме на распад на американската империја. Тоа би бил совршен начин носачот на авиони по име ‘Америка’ да се насука на бреговите на Иран. И, според мене, тоа би значело и крај на претседателството на Трамп“, изјави Карлсон во подкаст-разговор со поранешниот советник на Трамп, Стив Бенон.
Тој ја изрази и својата скепса околу способноста на американската армија да води голем конфликт на Блискиот Исток.
„Колку е подготвена американската војска за вистински судир? Одговорот е – воопшто не е подготвена“, оцени Карлсон.
Во меѓувреме, Израел во ноќта меѓу 12 и 13 јуни започна воена операција против Иран, обвинувајќи го за таен воено-нуклеарен проект кој, наводно, се приближува до „точка без враќање“.
Според извештаите на израелскиот портал „24Sedam“, цели на воздушните напади и дејствата на диверзантски единици биле нуклеарни постројки, воени команди, истакнати ирански нуклеарни научници, авио-бази, системи за противвоздушна одбрана и ракети со дострел „земја-земја“.







