Кина апелира до Иран и Израел за итно намалување на тензиите
Кина ги повика Иран и Израел да преземат итни мерки за деескалација на тензиите и спречување на понатамошна нестабилност во регионот, пренесува агенцијата АФП.
„Ги повикуваме сите страни да преземат итни чекори за смирување на ситуацијата, да избегнат дополнителна дестабилизација на Блискиот Исток и да создадат услови за враќање на дијалогот и решавање на разликите преку преговори“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун.






