Најавите за временската прогноза за викендов се стабилно, топло време со натпросечни дневни температури кое ќе се задржи до недела, по што ќе следи период на променливо облачно со локални врнежи од дожд.
Управата за хидрометеролошки работи на Македонија, викендов еве какво време и температури предвидува:

До недела ќе се задржи стабилно и топло време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Под влијание на влажен бран во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, на места поројни проследени со засилен јужен ветер. Повремени локални врнежи од дожд ќе има и во вторник – велат од УХМР.







