Во разговорот , Муслиу рече дека не можа два народа да водат политика , а уште помалку дипломатија. Тој нагласи дека Бугарите се Балканци и поставуваат нереални барања.
Јакимовски на ова надополни дека Захариева цело време кажува глупости и измислува. Така , за Бугарски културен центар што постои 154 години , таа сега решила да го бара. Јакимовски вели дека европратеникот Џамбаски си зборува само тоа што му одговара и ја извртува историјата. Така ,ВМРО , не може да биде бугарско кога е макеоднска организација , што го потврдуваат историските факти. Тој вели и дека Македонците не може да биле Бугари до 44- та година , зашто во тој случај би биле фашисти како Бугарите. Јакимовски праша дали Бугарите ќе признаат дека од 41-44 биле фашисти и другари на Хитлер.






