Израел изврши прецизен воздушен напад врз објект во иранската престолнина Техеран, при што беше погоден голем нафтен резервоар во областа Шахран. По ударот избувна масовен пожар, видлив од повеќе делови на градот. Според неофицијални извештаи, се работи за цел насочена кон инфраструктура од стратешко значење. Иранските власти засега се воздржуваат од коментар, додека израелски извори не ја потврдија директно одговорноста, но упатуваат на „одлучен одговор на иранската агресија“. Напнатоста во регионот расте.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






