Пратеникот и претседател на „Левица“, Димитар Апасиев, вчера од собраниската говорница упати бројни критики кон вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, кој дури го обвини дека „бил амерички шпион“.
„Дојде денот да се соочиме со вицепремиерот кој што бега од Собранието како ѓавол од темјан. Моите односи со дотичниот се одвратни. Во Библијата пишува дека по делата ќе ги препознаете оние кои што сакате да ги оценувате.
Мојата прва средба со Димитров беше на Правниот факултет кога јас бев демонстратор. Тогаш Димитров рече: ‘Уставното име е последниот столб на државноста, а доколку се смени ќе се премине линијата на достоинството’. Потоа се случи аферата Никиликис кога станува заштитен извор на депешеата на Рикер кон САД. Односно дека тој ги издавал случувањата на САД, дека нема конзенсуз меѓу Црвенковски и Груевски за името, и практично бил американски шпион“, изјави Апасиев.






