Патнички авион од типот „Боинг 787-8“, кој денеска се урна набргу по полетувањето од индискиот град Ахмедабад, паднал директно врз зграда во која бил сместен студентски хостел за млади лекари.
Информацијата ја потврди портпаролот на локалната полиција, Џаипал Синг Раторе, кој изјави дека авионот се срушил врз студентски дом при медицинскиот колеџ, каде што биле сместени студенти и специјализанти по медицина.
Во моментот на несреќата, спасувачките екипи се наоѓаат на терен и активно ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани и евентуални жртви.
Според досега објавените официјални информации, во авионот имало 232 патници и 12 членови на екипажот. Леталото полетало од Ахмедабад и било на пат кон Лондон.
Причините за несреќата засега не се познати, а истрагата е во тек. Властите најавија дека дополнителни информации ќе бидат објавени во текот на денот.







