Денеска е 22 јануари (според стар стил) и се слави Св. апостол Тимотеј.
Тимотеј е еден од седумдесетмината апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му ги пофалува светиот апостол Павле за нивната нелицемерна вера (2Тим. 1, 4-5).
Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле исцели еден куцоног од раѓање. Подоцна Тимотеј му беше речиси постојан сопатник на Павле, обиколувајќи ги со него Ахаја, Македонија, Италија и Шпанија. Голем ревнител за верата, извонреден беседник и благодушен, Тимотеј многу придонесе за распростирањето на христијанската вера. Павле го нарекува вистински син во верата (2, 1-2).
По маченичката смрт на свети апостол Павле, Тимотеј го имаше за учител свети Јован Богослов. Но, кога царот Дометијан го прогони Јован на островот Патмос, Тимотеј остана да епископува во Ефес наместо него.
Во времето на еден идолски празник наречен Катагогиум, незнабошците, лути на христијаните, подмолно и под маски го нападнаа свети Тимотеј и го убија (околу 93 година).
Неговите чесни мошти подоцна се пренесени во Цариград и погребани во црквата на Светите апостоли до гробот на светиот евангелист Лука и на светиот Андреј Првоповикан.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






