Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Џ.(43) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во февруари 2024 година, во механичарска работилница на пријавениот во Гостивар, 46-годишник од гостиварско однел на поправка патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, кој пак го проследил на механичар во Тетово. Сумата за поправка од 1.800 евра му била исплатена на Б.Џ., но тој не ја дал на механичарот од Тетово.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






