Москва најавува решителен одговор на проектот „Златна купола“
Русија ќе реагира одлучно на сите провокации од страна на „киевскиот режим“ и на секоја ракетна закана насочена кон нејзината територија, изјави рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев.
Во изјава за руската новинска агенција ТАСС, Дарчиев нагласи дека прашањата за стратешка стабилност не можат да се разгледуваат изолирано од тековниот вооружен конфликт во Украина.
Тој истовремено ја потенцираше загриженоста на Москва околу американските планови за развој на нов систем за противракетна одбрана, познат како „Златна купола“.
„Секако дека ги земаме предвид сите овие аспекти и на Вашингтон му укажуваме јасно дека провокациите од страна на режимот на Зеленски, охрабрени од Западот, како и се поизразените ракетни закани – особено долж нашите граници – ќе добијат неизбежен и решителен одговор“, предупреди Дарчиев.
Проектот „Златна купола“, на кој работат САД, е замислен како напреден систем за одбрана од воздушни и ракетни напади, и според Москва, претставува сериозен предизвик за безбедносната рамнотежа во регионот.







