Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека ќе го разреши директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи ако уште еднаш му се повтори да не се обрати на македонски јазик.
„Ќе биде разрешен директорот на инспекторатот за употреба на јазиците ако уште еднаш му се повтори да не се обрати на македонски јазик во Парламентот“, вели Мицкоски.
Претходно директорот одби да се обрати на македонски јазик пред новинарите, упатувајќи ги наместо тоа да чекаат писмено соопштение, додека пак претходно се обраќаше на албански јазик.







