Одбележан Денот на воздухопловниот ВИНГ на АРСМ
Со воена свеченост во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец, припадниците на воздухопловниот ВИНГ при Командата за операции го одбележаа 10 Јуни – Денот на единицата.

Датумот симболично го одбележува првиот воен лет во историјата на Армијата во 1992 година и претставува институционален белег на военото воздухопловство во рамки на Армијата на Република Северна Македонија.

![[ГАЛЕРИЈА] Одбележан Денот на воздухопловниот ВИНГ](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/06/503434318_726982089725640_6178604041218569169_n.jpg)





