Напаѓачот од Грац е поранешен ученик (22) – влегол во училиште со пиштол и пушка, отворил оган за време на матурски испит
Едно од најтешките масовни пукања во историјата на Австрија се случи денес во Грац. Според австриските медиуми, напаѓачот е поранешен ученик на средното училиште „Борг“ и има 22 години.
Според информациите на весникот „Хојте“, тој влегол во училиштето вооружен со пиштол и сачмарка и отворил оган во две училници, токму за време на матурскиот испит.
До моментот се пријавени осум загинати и голем број повредени. Напаѓачот бил пронајден мртов во еден од тоалетите во зградата, во која се уште се врши детален претрес. Според првичните информации, тој бил ученик во ова училиште и се сомневал дека бил жртва на малтретирање.
Од локалните власти е побарано жителите да го избегнуваат тоа подрачје колку што е можно повеќе.
Во трагичниот напад загинаа седум ученици и еден наставник, додека полицијата и специјалните единици „Кобри“ се на терен.






