Тетово, 10 јуни 2025 – Повеќе тетовски села утре ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати од страна на енергетската компанија, информираат надлежните.
Според објавените информации, без струја ќе бидат делови од следните села:
- Јегуновце – делови од селото што се наоѓаат во т.н. Колонија, во период од 09:00 до 14:00 часот.
- Шемшево – објекти кои се наоѓаат од центарот кон крајот на селото, од 09:00 до 14:30 часот.
- Доброште – дел од селото ќе биде без електрична енергија од 09:00 до 14:30 часот.
- Непроштено – планиран прекин за дел од селото од 09:00 до 14:00 часот.
Граѓаните се повикуваат да ги планираат своите дневни активности во согласност со најавените прекини и да преземат соодветни мерки.
Од енергетската компанија најавуваат дека прекините се неопходни заради подобрување на квалитетот и сигурноста на електроенергетската мрежа во регионот.





