Собранието на Република Македонија денес и официјално го избра Азир Алиу за нов министер за здравство, додека Албрим Хоџа беше именуван за заменик министер за земјоделство.
Предлогот за именување беше образложен од премиерот Христијан Мицкоски на почетокот на собраниската седница, по што следеше динамична расправа меѓу власта и опозицијата.
За парламентарното мнозинство изборот на Алиу и Хоџа претставува стратешки потег и продолжување на реформската агенда во клучните ресори.
Сепак, мнозинството гласови обезбеди зелено светло за новите кадри, кои веќе од утре треба да ги преземат своите функции во ресорите здравство и земјоделство.







