Основниот суд во Струга донесе ослободителна пресуда за актуелниот градоначалник Рамиз Мерко, кој се соочуваше со обвиненија за злоупотреба на службената положба при јавна набавка на луксузен автомобил „Ауди“ во вредност од 67.000 евра.
Судот оцени дека нема докази дека Мерко имал намера да стори кривично дело во процесот на набавка на возилата. Адвокатот на Мерко, Игор Петковски, изјави дека во текот на постапката не било утврдено дека неговиот клиент прекршил некој закон при купувањето на автомобили за општината во вкупна вредност од 114.000 евра, пренесува порталот Press24.
Обвинителството ги поднесе обвиненијата во март 2024 година, откако претходна проверка во ОЈО Струга утврди сомневања за над 30 кривични дела поврзани со злоупотреба на службената положба. Тоа доведе до отворање на неколку истраги против Мерко.
И покрај ослободителната пресуда за конкретниот случај, Мерко и натаму останува на американската црна листа поради сомневањата за корупција и злоупотреба на функцијата.







