Владата донела одлука од денеска Македонија да ѝ се придружи на Европската унија со воведување рестриктивни мерки за Никарагва поради, како што е наведено, состојбата во оваа држава од Средна Америка.
Како што е наведено во одлуката објавена во Службен весник, станува збор за финансиски мерки и за забрана за влез на граѓаните од Никарагва во Македонија, кои се воведуваат на неопределено време.
Одлуката на Владата стапува на сила денеска.


Имено Република Никарагва (República de Nicaragua) — најголемата држава во Средна Америка со вкупна површина од 130.373 км2. Никарагва се граничи со Хондурас на север и со Костарика на југ. На запад државата излегува на Тихиот Океан, додека на исток излегува на Карипското Море. Државата поседува уникатен растителен и животински свет, кој е богат со голем број на ендемски видови. Главен град на државата е Манагва, каде живее една четвртина од вкупното население и е втор најголем град во Средна Америка. Никарагва има население од 5.891.199 жители и службен јазик во државата е шпанскиот јазик.
И уште побитно е тоа што оваа држава нема никаква врска со нашата земја.






