Силен земјотрес од 6,6 степени ја погоди Колумбија – почувствуван и во Богота
Колумбија денеска беше погодена од силен земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според официјалните податоци, епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од околу 35 километри, во близина на градот Паратебуено, на околу 200 километри оддалеченост од главниот град Богота.
Очевидци пренесуваат дека земјотресот се почувствувал многу силно и во Богота – зградите се треселе, а потресот траел подолго време, што предизвикало вознемиреност кај жителите.
За сега нема информации за причинета материјална штета или евентуални жртви. Сеизмолозите продолжуваат да ја следат ситуацијата, а властите апелираат на внимателност и следење на препораките за безбедност.







