Најмалку десет лица загинаа во израелски воени операции во Појасот Газа, соопшти денеска Службата за цивилна заштита на палестинската територија.
Според портпаролот на оваа служба, повеќе десетици повредени се примени во болницата во Кан Јунис, откако израелските сили утрово околу 6 часот отвориле оган врз цивили кои се движеле кон центар за дистрибуција на хуманитарна помош западно од градот Рафах.
Израелската армија соопшти дека стрелала кон лица кои, и покрај претходните предупредувања, „продолжиле да се приближуваат на начин што претставувал закана за безбедноста на војниците“.
Воени извори посочија дека областа околу дистрибутивниот пункт била прогласена за борбена зона.
Ситуацијата на теренот останува крајно напната, додека хуманитарната криза во Појасот Газа се продлабочува.







