Сончево и екстремно топло време, температурите до 38 степени
Времето денеска ќе биде претежно сончево и исклучително топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 11 до 19 степени, додека максималните дневни ќе достигнат вредности од 26 до дури 38 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува слична временска слика — сончево и многу топло, со повремена облачност. Ветерот ќе биде слаб до умерен од југ. Утринската температура ќе се спушти до 17 степени, а дневната ќе се искачи до максимални 38 степени.
Промена на времето од утре
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре следува мало разладување. Времето ќе остане претежно сончево со мала до умерена облачност, но ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневните температури ќе опаднат за 3 до 5 степени во однос на денешните вредности.
Во попладневните часови се очекуваат услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд и ретки грмежи.






