Во центарот на Минхен денеска се случи крвав инцидент кога 30-годишна жена, според германскиот „Билд“, државјанка на Бугарија, нападна неколку лица со нож. Во нападот беа повредени најмалку две лица – маж на 56 години и жена на 26 години.
Полицијата интервенирала веднаш и ја застрелала напаѓачката. Таа била пренесена во болница и подложена на операција, но подоцна им подлегнала на повредите.
На местото на нападот пристигнаа екипи од интервентната и криминалистичката полиција, а областа е целосно обезбедена. Повредените добиваат медицинска помош, а истрагата е во тек. Засега не е познат мотивот зад нападот.







