Вчера во Бутел скопската полиција уапсила 22-годишен Белгиец за кого била распишана меѓународна потерница од Интерпол.
„На 06.06.2025 околу 19.15 часот во населба Бутел во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишиле од слобода И.С.(22) од Белгија затоа што за него била распишана меѓународна потерница од Интерпол Белгија. Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка“, стои во полицискиот билтен.






