Попладнево во морската област на Света Гора е регистриран земјотрес со магнитуда од 5,3 степени. Според податоците од Геодинамичкиот институт и Сеизмолошката станица на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, епицентарот бил 7 километри западно од Кареја, на длабочина од 12,5 километри.
Силниот потрес ја зафати целата регија Халкидики, каде што во моментот има илјадници туристи кои се загрижени и во паника од можни нови земјотресни удари. Земјотресот се почувствува и во Солун, како и во крајбрежните области на Кавала и на Тасос.
Засега нема информации за повредени или материјална штета, а локалните власти апелираат на смиреност и внимателност.






