Регистриран земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала во регионот меѓу градовите Димитровград и Хасково во Бугарија.
Според Националниот сеизмолошки центар при Националниот институт за геофизика, геодезија и географија – БАН, земјотресот се случил денеска во 12:35 часот по бугарско време. Епицентарот бил лоциран на 10 километри од Хасково, 50 километри од Асеновград и 200 километри од Софија.
До моментот нема пријави за материјална штета.






