Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе на светот, го шокираше светот со одлука што ќе ја смени иднината на неговото семејство – но и на целиот африкански континент. На настан организиран од неговата фондација во главниот град на Етиопија, милијардерот објави дека ќе го подели речиси целото свое богатство во следните 20 години – и тоа не на своите деца, туку за здравство и образование во Африка.
„Моето богатство достигна многу високо ниво. Време е тие ресурси да се вратат таму каде што најмногу треба“, изјави Гејтс.
Најголемото изненадување? Неговите три деца – Џенифер, Рори и Фиби – ќе добијат помалку од 1% од неговото целокупно богатство!
„Не им правам услуга ако им оставам милијарди. Сакам сами да си го изградат патот, ова не е династија“, објасни Гејтс во подкаст минатиот месец.
Фокусот на неговата фондација ќе биде решавање на основните проблеми на Африка – преживување на мајките при породување, намалување на детската смртност, искоренување на заразни болести, и тоа со помош на најмоќната алатка на денешницата – вештачката интелигенција.
„Ќе работам на ова до крајот на животот. Нема ништо поважно“, порача Гејтс.
Додека светот е во шок од оваа драстична одлука, една работа е јасна – иднината на милијардите долари на Гејтс нема да заврши во наследство, туку во рацете на оние на кои им треба најмногу.






