Во пресрет на годишната конференција WWDC, Apple објави извештај кој ја истакнува улогата на App Store во поттикнувањето на глобалната економија и поддршката на програмерите. Според анализата на Analysis Group, изработена по нарачка на Apple, App Store во 2024 година „поддржал“ продажба и трансакции во вредност од 1,3 трилиони долари на глобално ниво.
Само во САД, App Store генерирал 406 милијарди долари вредност, а според новата анализа, повеќе од 90% од трансакциите на платформата не вклучувале провизија за Apple, бидејќи се однесуваат на физички производи и услуги, како што се нарачки за храна и купување намирници.
Развивачите заработиле вкупно 131 милијарда долари од продажба на дигитални производи и услуги, најчесто преку игри, алатки за уредување мултимедија и бизнис апликации. Приходите од рекламирање во апликации достигнале 150 милијарди долари, што овозможило многу апликации да останат бесплатни или достапни по пониски цени.
Помеѓу 2019 и 2024 година, потрошувачката преку App Store се повеќе од удвоила, со најголем раст кај физичките добра и услуги – зголемување од 2,6 пати. Apple нагласува дека App Store станува и платформа за лансирање иновации базирани на вештачка интелигенција.
Ова е четврто извештајување на Apple во последната недела, со кое компанијата се обидува да го потенцира позитивниот економски ефект на App Store во период кога се соочува со зголемени регулаторни притисоци за своите деловни практики.







