На 03.06.2025 во 09.30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив е донесено починато тригодишно дете од Кавадарци, кое од претходно имало здравствени проблеми. Лекар констатирал смрт, а во службен разговор, неговата мајка Т.Ѓ.С.(36) од Кавадарци изјавила дека околу 03.00 часот го однела во Општа болница Кавадарци, од каде ги упатиле во Клиниката за детски болести при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што во 08.45 часот е констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатото дете е предадено на обдукција.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






