Велика Британија ќе ѝ испорача 100.000 дронови на Украина до април 2026 година
Обединетото Кралство се обврза да ѝ достави на Украина 100.000 дронови до април 2026 година, како дел од проширениот пакет за воена поддршка вреден 4,5 милијарди фунти, односно повеќе од пет милијарди евра.
Новата испорака, која опфаќа беспилотни летала во вредност од 350 милиони фунти (околу 415 милиони евра), ќе биде насочена кон зајакнување на украинските одбранбени капацитети во услови на продолжени борбени дејствија со Русија.
„Обединетото Кралство ја засилува поддршката за Украина преку испорака на стотици илјади дронови оваа година и постигнување значаен напредок во снабдувањето со клучна артилериска муниција“, изјави британскиот министер за одбрана Џон Хили во официјално соопштение.
Оваа зголемена помош со дронови следува по успешната украинска операција со кодно име „Пајажина, спроведена на 1 јуни. Според агенцијата Adnkronos, во рамки на акцијата, украинската служба за безбедност (СБУ) прокриумчарила 117 дронови на руска територија, притоа напаѓајќи четири воздухопловни бази и оштетувајќи 41 воен авион.
Британската влада нагласува дека оваа поддршка е дел од долгорочната стратегија за стабилност и безбедност на Украина, и дека современата технологија, вклучително и беспилотните системи, игра клучна улога во современото војување.







