Поради планирани технички зафати, утре (4 јуни) делови од Тетово и неколку села во тетовскиот регион ќе останат без електрична енергија во различни периоди од денот, соопштија од електродистрибуцијата.
Во градот Тетово, струја нема да има во следните делови:
Објектот на Дашмир во Старата фабрика за тутун (од 09:15 до 12:45 часот), Дел од градот кај крстосницата меѓу улиците Крсте Петков Мисирков и Илинденска (од 10:00 до 12:30 часот), Просториите на ЗИК Ладилник, ЗИК Млекара и One Hospital (од 12:30 до 14:00 часот).
Во тетовските села, без електрична енергија ќе бидат:
Село Теарце – објекти во близина на т.н. Бигор маало (од 09:00 до 14:00 часот), Село Орашје – објекти во близина на џамијата (од 09:00 до 15:00 часот), Село Доброште – дел од селото (од 09:00 до 14:30 часот).
Надлежните апелираат до граѓаните да ги планираат своите обврски согласно со најавените прекини и се заблагодаруваат за разбирањето.






