Најмалку 35 Палестинци загинаа во серија израелски воздушни напади во Појасот Газа, меѓу кои и 27 лица кои чекале хуманитарна помош во јужниот град Рафа, соопшти Министерството за здравство во Газа, а пренесе турската агенција „Анадолија“.
Според истото соопштение, во нападот врз цивилите се повредени повеќе од 90 лица, од кои многумина се во критична состојба, па бројот на жртви може да се зголеми.
Нападот се случил во рамки на механизмот за распределба на хуманитарна помош, кој Израел го воведе на 27 мај. Израелската армија го потврди нападот, наведувајќи дека мета биле „осомничени лица кои се приближувале до војниците“.
Ова е уште еден во серијата смртоносни напади што ја продлабочуваат хуманитарната криза во разурнатиот Појас Газа.







