Крвава пресметка кај хотел „Карпош“: Малолетник прободен со нож, хоспитализиран во „8 Септември“
Пресметка меѓу две групи малолетници утринава во близина на хотел „Карпош“ заврши со сериозен инцидент – едно лице е прободено со остар предмет и е пренесено во болница.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, до инцидентот дошло по вербална расправија помеѓу групи ученици, по што конфликтот ескалирал во физичка пресметка. Еден од учениците, кој се здобил со убодна рана, бил итно пренесен во ГОБ „8 Септември“, каде му била укажана лекарска помош.
„Од ГОБ ‘8 Септември’ е пријавено дека кај нив е донесен повреден малолетник – ученик во СДУ ‘Ѓорги Димитров’, кој, според пријавеното, се здобил со убодна рана од остар предмет во угостителски објект на територија на Карпош, каде дошло до пресметка помеѓу две групи на ученици“, соопштија од МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, а неофицијално се работи на идентификација на сите инволвирани. Очекувањата се дека ќе следуваат и кривични пријави.






