Слика од заклучениот мобилен телефон на американскиот претседател Доналд Трамп стана вирална, бидејќи точно го прикажува она што многумина го очекуваа.
На фотографијата, на која Трамп го држи својот мобилен телефон додека го напушта претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, се гледа дека позадината на телефонот му е негов сопствен портрет.
Исто така, на екранот е видлива порака од неговиот советник и лобист Роџер Стоун. Оваа позадина Трамп ја користи уште од 2023 година, кога беше фотографиран додека играше голф, а ја пренесе „BuzzFeed“.
Фотографијата од заклучениот телефон на Трамп повторно се појави во октомври 2024 година, потврдувајќи ја неговата навика да ја чува сопствената слика како позадина.

„Се разбира, Трамп на својот мобилен телефон ја има својата фотографија. Нема слика од сопругата, децата или внуците, туку само од себе“, се наведува во една од пораките.
За потсетување, Трамп беше активен на социјалните мрежи, особено на Твитер, каде редовно се огласуваше. Сепак, поради инцидентот со упадот на неговите поддржувачи во Капитолот, неговите профили беа блокирани.
Како резултат, тој ја основа својата социјална мрежа Truth Social, преку која и понатаму комуницира, иако со многу помала видливост.
![Трамп повторно во центарот на вниманието: Овој пат поради позадината на неговиот телефон [ФОТО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/06/screenshot-2025-06-02-123051.png)





