Бугарската блогерка Радосвета Василева, која себеси се опишува како „правен научник, слободен мислител и социјален застапник, доктор по право и борец против корупцијата и кршењето на човековите права“, упати остри критики на Твитер кон министерката за надворешни работи Екатерина Захариева за Македонија.
„1. Екатерина Захариева постојано дава нови докази дека е најмалку компетентниот министер за надворешни работи што го имала Бугарија.
Македонија објави дека ќе им овозможи на учениците опционално да учат српски јазик. За Захариева, ова е предавање на Русија и Србија!“;
„2. Последен пат кога проверив, во многу бугарски училишта може да се изучува рускиот по желба. Исто така, постојат руски средни училишта. Врз основа на ‘совршената’ логика на Захариева, Бугарија технички е вазална држава на Русија… #ДвојниСтандарди“;
„3. Почитувана г-ѓо Захариева, што стори Бугарија за промовирање на бугарскиот јазик и култура во Македонија, со оглед на тоа колку многу се грижите (настрана заканите)? Колку културни настани имате организирано во Македонија?“;
„4. Која си ти, госпоѓо Захариева, да ѝ кажуваш на друга држава со кои земји да одржуваат културни врски и на кој начин? #Бугарија
#Македонија“.
„Според логиката на Захариева, ако зборувате српски, вие сте под руско влијание.
Да знаевте, г-ѓо Захариева, колку малоумно изгледате… но не може да ви текне поради ефектот Данинг-Кругер.
П.С. Затворете ја српската филологија на универзитетот во Софија, бидејќи кој знае колку Бугари чипирал Путин“, твитна дополнително Василева.







