Тешка сообраќајна несреќа се случи на 31 мај 2025 година, околу 15:30 часот, на магистралниот пат Гостивар-Тетово, во близина на клучката за селото Камењане. Според информациите од СВР Тетово, патничко возило марка „Голф“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 22-годишниот Ј.С. од село Пирок, излетало од патот.
Во несреќата на самото место животот го загубила 32-годишната сопатничка Ѓ.А. од село Боговиње. Смртта ја констатирала екипа од Итната медицинска помош.
Возачот Ј.С. и уште петмина сопатници се здобиле со повреди и се пренесени во Ургентниот Центар во Тетово. Тешки телесни повреди имаат В.Р. (28) од Боговиње и А.М. (10) од село Палатица, додека полесни повреди се здобиле Ј.О. (21) од Пирок, А.М. (6) од Боговиње и А.Р. (15) од Долно Палчиште.
Увид на местото на несреќата извршиле екипа на СВР Тетово и јавен обвинител од ОЈО-Тетово. Се истражуваат причините за несреќата.





