Општина Кисела Вода информирадека поради свлечиште на патот кон Теферич (улица Мариовска), кој тоне и на дел од конструкцијата се појавени пукнатини, истиот е затворен за сообраќај од безбедносни причини.
„Патот ќе остане затворен сè додека не се отстрани проблемот. Ги замолуваме граѓаните за трпение и за користење алтернативни патишта до изнаоѓање на трајно решение“, соопшти Општината.
Од Кисела Вода апелираат на внимателност и ги известуваат возачите да го избегнуваат овој правец додека траат работите на санација на патот и стабилизација на теренот.






