Македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во полуфиналето на ИТФ турнирот во српската Куршумлиска Бања, откако во драматичен меч во три сета ја совлада Русинката Анастасиа Золотарева.
Иако не започна најдобро и го загуби првиот сет со 4-6, Ѓорческа покажа цврст карактер и искуство, враќајќи се моќно во играта. Во вториот сет доминираше на теренот, не ѝ дозволи речиси ништо на противничката и го доби со убедливи 6-2.
Решавачкиот трет сет донесе голема борба, но Ѓорческа повторно беше посигурна и со 6-4 ја запечати победата по два часа и десет минути игра.
Со оваа победа, македонската тениска надеж обезбеди место меѓу најдобрите четири на турнирот и продолжува со одличната форма на меѓународната сцена.







