Според новата концепција за основно образование на МОН, во делот на родово-сензитивното образование визуелно се прикажуваат материјали од истополови парови.
На сликите се прикажани како се бакнуваат две девојчиња и две момчиња.
Бурни се реакциите и од родителите, кои сметаат дека ваквиот вид на образование е вулгарен и неприфатлив. Според нив сексуалното образование се стекнува низ годините во зрелоста, а не во основното образование.
-Ваквите содржини се застапени во наставните програоми на СИТЕ предмети каде што тоа е можно, а во учебниците и наставните материјали за овие предмети, овие пораки, освен што се пренесуваат преку самите текстови, се поддржуваат и преку ВИЗУЕЛНИОТ материјал и преку различните вежби наменети за критичко преобмислување на поимите, пишуваат „Од Нас за Нас“ на Фејсбук.
Целиот статус може да го прочитате на нивната Фејсбук страница.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







