Граѓаните во центарот на Прилеп денеска беа сведоци на несекојдневна слика, кога пајак крена возило на МВР.
Не е познато која е причината поради која полициската шкода требало да се повози со пајакот, но глетката предизвика смеа и секако фаќање сеири, објави порталот Маркукуле.






