На 28.05.2025 година во 10:05 часот во Тетово на улица ,,Саво Тасевски“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ш.(33) од Тетово, населба Дреновец, постапувајќи по претходна пријава дека претходниот ден околу 23.40 часот во угостителски објект во Градски трговски центар на улица ,,Илинденска“ во Тетово, по вербална расправија го нападнал со нож А.Т.(31) од Р.Албанија, при што му нанел телесни повреди. Б.Ш. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






