Најмалку петмина загинати, шестмина исчезнати и 19 повредени — ова е црниот биланс од разорната експлозија што вчера ја потресе хемиската фабрика „Gaomi Youdao Chemical Co.“ во кинеската провинција Шандонг.
Несреќата се случила во индустрискиот парк на градот Веифанг, каде што силната детонација ја затресла областа, кршејќи прозорци и предизвикувајќи облаци од густ бел чад, како што може да се види на видеа објавени на социјалните мрежи.
Интересен и потенцијално незгоден момент за кинеските власти е фактот дека истата фабрика минатата година била пофалена од страна на Локалниот уред за управување со итни ситуации – иако во истата година барем двапати била пријавена поради сериозни безбедносни ризици. Партиските кадри дури биле истакнати како херои кои „откриле и отстраниле повеќе од 800 опасности“.
Сега, откако повеќе од 230 пожарникари се на терен, се поставуваат прашања дали тие „опасности“ навистина биле отстранети — или само префрлени под тепих за партиски поени.
Сè уште не е позната точната причина за експлозијата, а еколошките инспектори се на терен во потрага по евентуално загадување. Извештајот допрва се чека, а во сенка виси прашањето: дали ова е трагедија што можела да се спречи, но била скриена зад партиска дисциплина и лажни извештаи?






