Откако американскиот претседател Доналд Трамп му испрати порака на Владимир Путин, во која му кажа дека си игра со оган, реагираше и поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.
Медведев се осврна на изјавата на Трамп во која тој рече дека многу лоши работи ќе ѝ се случеле на Русија ако тој не бил претседател на Соединетите Американски Држави.
„Она што Путин не го разбира е дека ако не бев јас, лоши работи веќе ќе ѝ се случеа на Русија, и мислам многу лоши. Тој си игра со оган“, рече Трамп.
Поранешниот руски претседател и сегашен заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација брзо реагираше на зборовите на Трамп и му испрати порака на социјалните мрежи.
„Што се однесува до зборовите на Трамп за тоа дека Путин ‘си игра со оган’ и дека лоши работи ѝ се случуваат на Русија. Знам само за едно навистина лошо нешто – Трета светска војна. Се надевам дека Трамп го разбира тоа“, рече Медведев.
Патем, Трамп неколку пати во последните неколку дена го коментираше однесувањето на рускиот претседател и го критикуваше за масовните напади со беспилотни летала што ги изврши во последните денови на територијата на Украина.
„Секогаш сум имал добри односи со Путин, но нешто му се случи и тој целосно полуде. Тој непотребно убива илјадници луѓе, и тоа не само војници. Ракети и беспилотни летала се испукуваат врз градови во Украина, без никаква причина. Секогаш велев дека тој ја сака цела Украина, а не само дел од неа, и можеби тоа ќе се покаже како вистина, но ако се обиде да го стори тоа, тоа ќе доведе до пропаст на Русија“, рече Трамп во таа прилика.





![[ФОТО] Ајкула паднала од небо: Необична сцена во Јужна Каролина ги остави минувачите збунети](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/06/screenshot-2025-06-08-162626.png)
