Претпоставувам дека ВМРО-ДПМНЕ очекува од мене оставка. Пред да бидам избрана сте ја чекале оставката. За што да ја дадам оставката, дека влеговме во НАТО, изјави попладнево министерката за одбрана Радмила Шекеринска на собраниската седница за пратенички прашања.
Јас сум за НАТО. Голем дел од вас беа против. За тоа ми барате оставка или ми барате оставка дека првпат кога ќе кажат луѓето дека работат во Армија, не треба да почнат да се жалат од плати, од услови и од заборавеност од државата.
Да, од мене барате оставка заради тоа што првпат војската трипати по ред има повисоки плати. Од мене барате оставка затоа што првпат кога ќе видите војник нема да коментирате дека му е стара униформата и искинати чизмите. Барате оставка најверојатно од мене затоа што и сите имаат станбено обезбедување – рече министерката Шекеринска, одговарајќи на пратеничко прашање од Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ.






