Без да се провери вистинитоста на информацијата, голем број медиуми деновиве се истрчаа со вест дека повторно се активира А2 телевизија. Веста брзо се рашири на социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни реакции, но денеска профилите на Instagram и Facebook преку кои се пласираше оваа тврдење – веќе се недостапни.

Според достапните информации, станувало збор за т.н. „детска игра“, која добила неочекувано медиумско внимание. Во неа, како што сега е јасно, не бил вклучен ниту Велија Рамковски – поранешниот медиумски магнат и сопственик на некогаш популарната А1 телевизија.

Иако во објавите стоело дека наводно се работи на враќање на медиумот на сцената, истите исчезнаа веднаш откако јавноста почна да бара конкретни информации и потврда за легитимноста на проектот.








