Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Меџити: Многу јасно и видливо е дека Таравари веќе е дел од ДУИ

by
2025-05-26
in Uncategorized

Додека лидерот на дел од Алијанса за Албанците Арбен Таравари беше дел од коалицијата „Влен“ немаше логика да соработува со Демократската унија за интеграција. Во моментот кога одлучи да соработува со Демократската унија за интеграција, не може да има соработка со „Влен“, затоа што така се губи смислата на промената, и на тоа кој е позиција а кој опозиција, изјави вечерва еден од лидерите на коалицијата „Вреди“, Изет Меџити.

Според Меџити, многу јасно и видливо е дека Таравари е веќе дел од ДУИ.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Во моментот кога Таравари одлучи да соработува со Демократската унија за интеграција, не може да има соработка со „Вреди“, затоа што тогаш се губи смислата и на промената и на тоа кој е позиција а кој опозиција. Тој тоа треба да им го објасни на гласачите, но мислам дека всушност станува збор за обид да го смири членството, да „замаглува“ дека може да оди сам или може да соработува со „Вреди“. Многу јасно и видливо е дека тој е веќе дел од ДУИ, изјави Меџити пред почетокот на состанокот на Централното претседателство на „Вреди“, прашан за коментар во врска со најавата на Тараври дека на локалните избори ќе соработува и со ДУИ и со „Вреди“.

Меџити потенцира дека во албанскиот кампус веќе нема други чинители, туку има само два блока – „Вреди“ и Демократската Унија за Интеграција.

Таравари избра да оди со ДУИ. Нека му е со среќа, ќе се соочиме на локалните избори во октомври, додаде Меџити.

Прашан дали со ВМРО-ДПМНЕ разговарале за заеднички настап на претстојните локални избори, Меџити одговори дека ќе си помагаат, но сепак ќе имаат свои кандидати за градоначалници.

Историски од 90-тата до сега, секогаш бил принципот тие што владеат да си помагаат заедно на локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ ќе има свои кандидати за градоначалници и „Вреди“ ќе има свои кандидати за градоначалници. Свои листи за советници ќе имаат и едните и другите, но ќе си помагаме каде што ќе има потреба.Во вториот круг ние ќе имаме соработка со ВМРО-ДПМНЕ и со други политички партии, кои што се дел од власта од помалите заедници, рече Меџити.

На новинарско прашање како ги коментира дивоградбите во Чаир, Меџити одговори дека постојат над 500 илјади дивоградби на ниво на државата, а проблемот не постои од денес. 

Во однос на дивоградбите, ние имаме список на бројки. Постојат над 500 илјади дивоградби на ниво на државата, а Чаир е на средина на тој список. Треба да видиме како е во општините на ДУИ, да видиме како е во Сарај. Тој проблем не е од денес. Неколку пати е донесен законот за легализација на објекти, не може проблемот да се посочи само во Чаир, рече Меџити.

Тој напомена дека најголемиот проблем е хигиената во Чаир. Како што рече, и покрај тоа што граѓаните плаќаат комунална такса, хигиената во градот Скопје и во Чаир е на најлошо историско ниво.

И покрај тоа што граѓаните плаќаат комунална такса, се соочуваат со нехигиена која што загрозува и здравјето и амбиентот. Градоначалникот не излезе да критикува или да води кампања, туку ангажираше приватна компанија затоа што јавното претпријатие не го собира сметот, а има законска обврска да го собере. Приватната компанија само требаше да излезе во пресрет на градот Скопје и на граѓаните, рече Меџити.

Previous Post

Цела сала стана на нозе и со аплауз му оддаде почит на Гоце Арнаудов кој постхумно доби награда за животно дело на Фолк фест Валандово

Next Post

„Вашингтон пост“: „Патриотите“ не соборија ниту една од деветте балистички ракети над Украина викендот

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

„Вашингтон пост“: „Патриотите“ не соборија ниту една од деветте балистички ракети над Украина викендот

Recommended

МБИ10 со блага корекција од -0,09% наспроти доминантно статичните цени

3 months ago
Делови од Тетово утре (10.10.2024 четврток) без струја

Утре повеќе Тетовски села ќе бидат без струја

5 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.