Новите 40 000 дози на вакцини стигнале утринава околу 6 часот, на аеродромот Никола тесла во Белград вакцините ги дочекал министерот за иновации во српската влада Ненад Поповиќ.
Со новите дози на руската вакцина „Спутник V“ ќе бидат вакцинирани 20 000 граѓани.
Вакцините се доставуваат во специјални контејнери тешки близу 200 килограми, на температура од минус 20 степени, којашто постојано се контролира.
„На 11 февруари очекуваме пристигнување на руски експерти за производство на вакцината Спутник кои заедно со нашите експерти во институтот „Торлак“ ќе ги увидат можностите за што поскоро започнување на производство на оваа вакцина во србија“, објавил Поповиќ.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ вчера најавила дека во понеделник во земјата ќе пристигнат и нови количини од вакцината „Фајзер“, а до сега во Србија се вакцинирани над 415,000 граѓани, скоро пола милион граѓани ќе бидат деновиве.






