На 25.05.2025 во 21.54 часот кај место викано „Монопол“ во Валандово, полициски службеници од ОВР Валандово го лишија од слобода Т.П.(71) од с.Пирава, валандовско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,64 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






