Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Силвија Думинуцо од Италија ja бара биолошката мајка во Македонија

by
2025-05-25
in Uncategorized

Дваесет и седумгодишната Силвија Думинуцо живее во Италија заедно со Енцо и Лилијана Думинуцо кои ја посвоиле во 2003 година. Не се сеќава на биолошките родители, но од својата 18-годишна возраст посакува да ја најде својата биолошка мајка.

Она што го знае за биолошките родители се само неколку документи. Според она што и пренеле сегашните родители, мајка и била премногу стара за да се грижи за неа, а татко и починал најверојатно брзо по нејзиното раѓање.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Силвија има документ од 7 октомври 2003 година, што претставува наод и мислење за видот и степен на психофизичка попреченост. Во тој документ презимето и е Трајковска, а името на нејзината мајка е Велика, додека името на таткото е Душко, со назнака дека е починат.

Според овој документ, Силвија е родена во Скопје, а адреса на живеење е наведена во Македонски Брод.

Силвија смета дека во Македонски Брод живеела во згрижувачко семејство.

Родена на 6 ноември 1997 година во Македонија, а според одредени документи што ги има, нејзината биолошка мајка на 23 февруари 1998 година ја предала да живее во згрижувачко семејство. Така, Силвија ги менува згрижувачките семејства се до 2003 година кога била во таков дом во Свети Николе, од каде е посвоена од сопружниците Думинуцо.

Во потрагата за мајката, Силвија ја контактирала Италијанската државна агенција која им помогнала на Енцо и Лилијана да ја посвојат, но не добила конкректна помош.

– Имаа досие за мене, но кога отидов таму, тоа досие мистериозно исчезна. Ја повикав и македонската адвокатка која имаше улога на преведувач во моментот на моето посвојување. Но, таа или не сакаше да ми помогне или едноставно не можеше, раскажува Силвија.

Според италијанскиот закон, требала да наполни 25 години за да побара и добие информации за нејзините биолошки родители.

– Кога наполнив 25 години, сакав да го поднесам барањето, но мајка ми заврши во болница, а јас тоа го сфатив како знак дека сè уште не е вистинското време. Сега, на 27 години, прашав во институцијата, што треба да направам за да ги најдам моите биолошки родители, а тие ми рекоа дека не можат ништо да направат бидејќи се работи за меѓународно посвојување и немаат документи, раскажува Силвија.

Вели дека кога почнала да ја бара мајка ѝ, знаела дека нема да биде лесно, но не претпоставувала дека ќе биде толку тешко.

– Колку повеќе барав, толку помалку наоѓав. Тоа беше навистина тешко и фрустрирачко време. Но, сега, се надевам дека работите ќе се подобрат. Имам неверојатни луѓе кои ме поддржуваат и повеќе не сум сама. Тоа веќе прави голема разлика, вели Силвија.

Памети дека престојувала во различни згрижувачки домови, но не се сеќава на детали, каде, колку и кај кого. Памети само дека последното семејство било во Свети Николе од каде била посвоена во Италија. Таму живееле осум луѓе, згрижувачките родители, баба и дедо, две постари момчиња, како и момче на нејзина возраст.

– Што се однесува до момчето кое живееше со мене, на моја возраст, знам дека беше посвоено во исто време кога бев јас, всушност се сеќавам дека кога првпат ги запознав моите посвоители беше во иста соба со мене. Колку што знам, неговото посвојување не успеа. Неговите посвоители го отфрлија по некое време и не знам што се случи со него. Отсекогаш сум се чувствувала виновна што успеав… затоа што имав свое семејство, семејство во кое никогаш ништо не ми недостигаше, додека тој беше отфрлен. Само сакам да знам дали е добро… тоа е се, вели Силвија.

За Енцо и Лилијана, кои ја посвоиле вели дека се неверојатни родители, ги смета за најсилните луѓе од сите што ги познава. Тие пред да ја посвојат поминале низ повеќе животни проблеми. Нивните животи се вкрстиле во обичен декемвриски ден, но тоа предизвикало промена во животите.

– Мајка ми е пензионирана професорка по математика, а татко ми е пензиониран архитект, што ги отсликува нивните личности. Мајка ми е строга и дисциплинирана, но со големо срце. Татко ми е повеќе, како да кажам, бунтовен. Ме остава да правам што сакам, секогаш умерено, како што вели. Поминав низ тешки моменти во моите тинејџерски години кога ми требаа одговори, а тие стоеја покрај мене, дури и кога ги оттурнав. Можам да бидам навистина злобна кога сакам, но тие никогаш не се повлекуваа од мене и секогаш ме гушкаа кога ми требаше. Можеби звучи клише, но тие беа првите луѓе кои никогаш не ме напуштија, раскажува таа.

Од кога била посвоена на шест години до 19 години живеела со родителите-посвоители во мал град на островот Сицилија. Дипломирала во Бреша на Академијата за ликовни уметности, а потоа одбранила две магистратури во Торино и Милано. Сега живее и работи во Милано.

Силвија направи ДНК тест за да може да пронајде можни роднини или ако има некои совпаѓања.

Доколку некој има некаков податок или информација што може да и помогне на Силвија може да напише на мејлот lookingformajka@gmail.com.

Previous Post

ЗОШТО ПУТИН Е СИГУРЕН ВО ПОБЕДА ДУРИ И ПО СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЖРТВИ? Еве што откри американското воено разузнавање за плановите на Кремљ

Next Post

Полицијата бркаше пијан возач во Нови Сад, тој го смачка скапиот „мерцедес“

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Полицијата бркаше пијан возач во Нови Сад, тој го смачка скапиот „мерцедес“

Recommended

Богојавление-Водици спектакуларно одбележан во Охрид (Фотогалерија)

Богојавление-Водици спектакуларно одбележан во Охрид (Фотогалерија)

3 years ago
Апсења на различни локации во Скопје – ова се деталите!

Апсења на различни локации во Скопје – ова се деталите!

5 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.