Советот на Европската Унија ќе одржи расправа на 27 мај за одземање на правото на глас на Унгарија според Член 7 од Договорот за Европската Унија, според дневниот ред објавен на неговата веб-страница.
„Министрите ќе ja одржат осмaта расправа за Унгарија како дел од постапката според Член 7, активирана од образложениот предлог на Европскиот парламент од септември 2018 година“, се вели во програмата.
Член 7 од Договорот за Европската Унија дозволува суспендирање на некои права на државите од заедницата, вклучително и правото на глас на претставникот на земјата во Советот на ЕУ за дејствија што се спротивни на заедничките вредности.
Претходно, „Фајненшл тајмс“ објави дека многу претставници на ЕУ разговарале за одземање на правото на глас на Унгарија поради можноста на Будимпешта да блокира клучни одлуки на заедницата, првенствено поврзани со Русија.







