Сеизмолошка активност беше регистрирана во текот на ноќта во јужниот дел на Хрватска, каде земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на Дубровник. Земјотресот бил почувствуван и во соседните земји – Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), потресот се случил во 00:52 часот, со епицентар на длабочина од само 1 километар, на околу 73 километри западно од Подгорица и 20 километри од Требиње.
По главниот потрес, во областа околу Риека беа регистрирани уште два послаби земјотреси со јачина од 1,5 и 1,6 степени според Рихтер.
Нема пријавени материјални штети или повредени лица.






